
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Даме Груев“ од Битола, основано далечната 1948 година, каде низ годините многу генерации се образуваа и воспитуваа, денес го прослави 73 патрон празник.
Од училиштето соопштија дека по повод патронот се реализираа многу активности, но сите со почитување и запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Активностите за поголема организираност беа реализирани на ниво на стручните активи во училиштето. Во нив учество зедоа голем број наставници и ученици од прво до деветто одделение.
Дел од тие активности беше и промоцијата на Еразмус проектот ,,Game on,,.Детскиот парламент, пак, кој реализирашеработилница на тема: ,,Различни форми на слободата“ во кој учествуваа сегашни, но и некогашни ученици од ОУ ,,Даме Груев,, а денес истакнати општествени личности.
Се организираше ликовен и литературен конкурс. Литературните творби беа поместени на страниците на училишниот весник, кој како и ликовната изложба е во електронска форма. Учениците од 4 б учествуваа во ,,Новогодишна уметничка работилница за деца“ како дел од ,,Зимска приказна,, на Општина Битола и во реализација на Владо Ѓоревски Рафик.
На денешниот ден по повод празникот се организираше и кратка приредба каде учество зедоа ученици кои реализираа историски час посветен на Дамјан Груев. Приредбата ја збогатија соло настапите на повеќе ученици со музички точки, а беа доделени дипломите на учениците кои беа наградени и пофалени од ликовниот конкурс.








Во Битола има активни 384 случаи со ковид -19, со ова по подолго време бројот на заразени падна под 400. До пред помалку од еден месец имаше над шестотини болни со ковид-19. Градот со недели беше на второ место во државата по инфицирани, веднаш по Скопје, а според последните бројки на дневна основа, вечера пред нас беа Прилеп и Кавадраци.
Израборка на техничка документација за реконструкција на дел од патот кон Пелистер и техничка документација за нов пат до Битолскпто кале се меѓу проектите кои ќе се реализираат со остатокот на средствата од програмара за намалување на диспаритетите во и меѓу планските региони, објави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
"Стрежево" непродуктивните новогодишни трошоци ги донира за лекување на млада битолчанка, соопштија од ова јавно претпријатие. Директорот Менде Гаматковски и ја врачи донацијата на оваа самохрана мајка на која и се потребни финасиски средства за лекување за повторно да застане на нозе.
