
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Сопствени средства ЈП 'Стрежево' - Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел - реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работиме за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство. Во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главен цевковод СР 11 ( Бистрица - Егри) замена на дотраени цевки фи-500mm со нови дуктилни цевки фи- 600 mm во атарот на село Егри.
На денешната седница на Извршниот одбот со која раководеше прeтседателката Даница Петличкова беа разгледани тековни прашања од работата на Здружението на пензионери од Битола. Исто така беше разгледана и информацијата за состојбата во која се наоѓаат старските домови во сите Општини каде постојат такви објекти, а се во сопственост на Фондот за ПИОМ и на Р С. Македонија ,што неодамна беше предмет на расправа во Сојузот на здружениета на пензинери на Р С.Македонија.
Сите здуженија се договорија да се достави извештај и барање до Владата и Фондот за ПИОМ со цел оние домови кои пропаѓаат да се оспособат и вратат на Здруженијата на пензионери. Факт е дека многу стари лица имаат потреба од сместување, а не се во можност да плаќаат големи финансиски средства во приватни домови. Па, тука се отвора можност за заедничко дејствување на Сојузот на здруженијата на пензионери.на РСМ и другите здруженија.
На денешната седница исто така се расправаше за добивање простор во месните заедници на користење од страна на Општината за отворање на клубови на пензионерите. Опремувањето на клубовите со потребниот инвентар ќе биде обврска на Здружението на пензионери- Битола. За таа цел неодамна Даница Пеличкова и претседателот на Собранието на Здружението на пензионери Крсте Белевски имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски каде се разгледувше можноста, онаму каде постојат услови, дел од тие простории на месните заедници да се доделат на користење на пензионерите.
.


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ повод 8. Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник.
„Свети Климент останува светол лик од историјата на просветата и духовната преродба како основач на Охридската школа, која се смета за прв балкански и европски универзитет, низ којашто минале околу 3.500 ученици. Повикани сме да му ја оддадеме должната почест на Свети Климент Охридски за неговото големо духовно – просветителско дело со кое нѐ задолжи сите и покажа како со посветеност се станува и просветител и духовник“, пишува во честитката.
Режисерката Софија Ристевска која досега работеше во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ премина во Народниот театар Битола на истата работна позиција како режисер. Ристевска живее во Битола, а нејзините театарски проекти во Велес и Интимен театар –Битола постигнаа успеси во територијата на цела држава, па на нејзиното доаѓање во НТБ се гледа како на вистински потег кој ќе ја збогати театарската екипа со вистински професионалец.
„Велешки Театар за мене беше и ќе остане еден од најпозитивните, најбезбедните и најстимулативните простори кадешто сум создавала театар! Мојата љубов е огромна кон целата уметничко - административна и техничка екипа што работи во овај театар. Во Велешки секогаш, ама секогаш се чувствував добредојдено, за коешто им благодарам на колегите од се срце! Од денес битолскиот Народен театар ќе биде моја матична куќа, за што бескрајно се радувам и се надевам на долга и плодна соработка со целокупната негова екипа“, истакна Ристевска.
