
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Кузманоски беше домаќин на делегација од Сакарија, Р.Турција предводена од Г-дин Ахмет Копрулуоглу , сопственик на компанија за производство на гума и пластика стационирана во Сакарија, регион Мармара.
Во техничкиот двор на ЈП „Комуналец“ пристигнаа двете возила за машинско метење на јавни прометни површини, на електричен погон.
Државниот архив и одделението-Битола, во соработка со Интернационалниот фестивал на филмска Камера "Браќа Манаки", организираат изложба што ќе биде дел од официјалната програма на 42-то издание на овој фестивал. Изложбата насловена Mementos/Спомени, ќе биде поставена во НУ Завод и во Музејот на Битола, од 17 до 24 септември 2021 година, во согласнот со утврдените здравствено-безбедносни владини мерки и протоколи. Изложбата ќе содржи дел од богатиот архивски фонд на браќата Манаки, што се наоѓа во Државен архив - одделение Битола, а во кој се вбројуваат нивни приватни документи, материјали, предмети и фотографии. На отворањето на изложбата се очекува да зборува и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
Не е завршено летото, ако не се случи „Битола отворен град“. Одложен, заради немилиот настан во Тетово, а реализиран низ еден долг концерт, како што впрочем заслужува јубилејното 20 издание на фестивалот кој обединува, креира и инспирира активно младинско учество и преку музика и уметност поместува граници. Пред публика која броеше 600 пополнети места, во амфитеатарот на Хераклеја и во обем соодветен на протоколите за организирање на вакви настани. Младинскиот културен центар од Битола, кој е основач на овој фестивал, со повеќе придружни настани кои се случија, а и ќе следат останува на мисијата да создава проекти кои стануваат своевидна културолошка појава, а и се промотори на напредни идеи за позитивни општествени вредности и третирање на важни теми. Оттука и бројни дебати, изложби, перформанси се случувале низ сите изминати години на овој фестивал.
„Битола отворен град“ е познат низ децениите и по своите големи концерти, па така на Хераклеја, овој викенд музички празник направија гостите Stereo Banana, Love Itoya и нашиот Кирил Џајковски. Стартот го означи дуото со силна концертна репутација Stereo Banana. Хип-хоп, брејк-бит, малку реге и фанк беа одличен вовед за она што следуваше. А тоа беше нигеријската музичка ѕвезда Love Itoya, која со својот моќен сценски настап и енергија, заедно со нејзиниот пратечки бенд и вокали ја подигна атмосферата и потврди дека музиката и активизмот за женски права, по кој таа е позната, можат да функционираат преку текстовите и пораките низ музиката во нејзините настапи. Финалето на концертот го означи најпродуктивниот македонски композитор на филмска и театарска музика и електронски артист, Кирил Џајковски. Музичар кој со многу чувство го испреплетува новиот звук и традиционалната музика. Добро познат на битолската публика, но секогаш поинаков, Џајковски повторно потврди дека традиционалната музика секогаш е голема инспирација. А тој, тој експеримент го прави со најголема почит. Очекувајте и нови настани, зошто 20 издание на Битола Отворен Град сѐ уште не е завршено.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски, денеска се сретна со битолските пензионери и со нив разговараше за подобрување на условите за живот на оваа категорија граѓани
