2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Со цел зголемување на веќе постојните капацитети за згрижување на стари и изнемоштени лица, на просторот на поранешната касарна во Битола,  во тек е изградба на три сместувачки капацитети за стари лица. Вкупната инвестиција изнесува 2.900.000 евра, а ќе обезбеди сместување на 210 лица и вработување на над 80 лица, медицински, помошен и друг персонал согласно планот за работа на инвеститорите.

 

Во Битола денеска има 34 новозаболени од ковид-19 и 59 оздравени. Три лица починале од последици предизвикани од вирусот, а за првпат по подолго време бројот на активни случаи се спушти под 1000 и денеска има 974

Денеска во Битолс има 19 нови позитивни на коронавирусот, а оздравени се 34 пациенти. Починало едно лице на возраст од 70 години. Болеста е во тек кај 1002 битолчани, а во КОВИД центарот се хоспитализирани 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и пред споменикот „Ангел“ кај Саат кулата во Битола, денес се одбележаа 20 години од масакрот кај Вејце, во кој што во заседа беа нападнати и масакрирани осум припадници на Посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица “Волци“, од кои четворица од Битола и битолско.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани