2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Времето утре: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

 

Пред одржувањето на втората концертна вечер во рамките на „Балкан Гала Фестивал“ на Камерниот оркестар на Битола, градоначалничката Наташа Петровска оствари средба со диригентот Владимир Димовски, дел од членовите на оркестарот, како и вечерашните гости во поп вечерта Хари Варешановиќ и Сергеј Четковиќ.

Брачниот пар Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски, основачи и директори на фестивалот на класична музика Интерфест, кој веќе ја исполнува третата деценија од своето постоење, остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Пред се, Шперовиќ-Рибарски искажаа голема благодарност до градоначалничката за реконструкцијата на Офицерскиот дом, симболот и сонот на голем број битолчани, кои овде ги имаа своите блескави мемории на незаборавни одржани манифестации и концерти, присетувајќи се на прекрасната акустика и амбиент.

Градоначалничката Петровска истакна дека и во иднина оваа концертна сала ќе биде препознатлив белег за градот, во која врвни имиња од класичната музика ќе можат за концертираат и да се воодушевуваат на објектот- симбол на градот Битола.

На средбата беа дадени иницијативи за адаптација и понатамошно искористување на Офицерскиот дом и во функција на фестивалот Интерфест.

Со завршената реконструкција на Офицерскиот дом, повторно се враќа стариот сјај на објектот - симбол за културното живеење во градот под Пелистер. Локалната самоуправа веќе дејствува во насока на подготовка на функционалноста на објектот, а во тек е партерното уредување кое ќе овозможи соодветен пристап.

Досега во Региoналниот пункт во Битола аплицирани се над 50 илјади дози вакцини против КОВИД-19 на жителите на Битола и соседните општини, а интересот кај битолчани е константно голем, потврдуваат надлежните.

 

Доказ дека љубовта и ентузијазмот можат да премостат многу граници, е примерот на Радмила и Мартин,кои во старата чаршија веќе извесно време се сопственици на кафетеријата „Улаф сте“. Како лица со оштетен слух, нивната гостопримливост и отвореноста кон гостите ја покажуваат постојано, комуницирајќи на знаковен јазик. А ако гостинот сака, преку буквите на знаковниот јазик поставени во кафетеријата, може барем да се обиде да си го каже своето име и да се запознае со љубезните сопственици.

Градоначалничката Наташа Петровска утринава ја посети кафетеријата „Улаф сте“, лоцирана на булеварот 1 Мај, една од најубавите пешачки улици во градот и се сретна со Мартин и Радмила.

„Ви честитам за храброста, бидејќи за да се започне приватен бизнис во денешно време е навистина тешко. Се радувам на заедничката средба, на овој разговор и на можностите заедно да соработуваме во иднина, на различни проекти од значење за градот и за битолската чаршија“, рече градоначалничката Петровска.

Радмила и Мартин велат дека сакаат да бидат пример на една љубовна приказна која треба да допре до сите. Амбиентот покрај реката Драгор, местоположбата на кафетеријата, им дава дополнителна радост и мотивација да направат и други приказни со кои и градот би бил препознатлив. Посетата на градоначалничката Петровска и дадената рака на поддршка од локалната самоуправа за нив е многу значајна, Тие истакнаа дека ова е пример многу важен за лицата со попреченост,во нивната намера да се отворени за промени и да не се повлекуваат пред животните предизвици.каде

Во стотина села во Битолско и околните пелагониски општини од понеделник Здравствениот дом од Битола почнува теренска вакцинација. Подготвен е распоред на села, а вацинацијата ќе се одвива во училиштата претежно од осум часот наутро до два и половина попладне, но сепак во секое село се точно утврдени термините во кои ќе се изведува имунизацијата. На пунктовите можат да се пријават сите жители кои сакаат да се вакцинираат. Вакцинацијата во руралните средини ќе трае 15 дена поточно од 27 јули.листа 2

ЛИСТА 3

ЛИСТА 4

ЛИСТА 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани