
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 14.07.2021 во СВР Битола е пријавено дека во кругот на основно училиште во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со викање и кршење од поголема група малолетници кои, според пријавата, на истото место правеле трки со мотори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР. .
На денешната седница Владата го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, оствари средба со раководството на Сојузот на пензионери Битола, претседателката Даница Петличкова и претседателот на Собранието Крсте Велевски.
Продолжува интересот за вакцинација кај жителите од битолски села. За два дена тимовите вклучени во теренската вакцинација имунизираа 288 жители од неколку погранични и подпелистерски села во Битолско. Според информациите од Здравствен дом, вчера беа вакцинирани 177 жители од Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица и Гермијан, а денес 111 лица од Дихово (7), Нижеполе (20), Трново и Магарево (32) Брусник (19) и Лавци (33).
Вакцинацијата продолжува утре во селата Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани и Канино.
Инаку на вакциналниот пункт во спортската сала на Медицинското училиште каде се одвива вакцинација без закажани термини и ревацинација овие два дена се вакцинира 1421 лице.
