
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерва „Локум фест“ започнува со концертот на Влатко Стефановски трио на Хераклеја со почеток во 21 часот, за да наредниот ден (23.07) во Пацио-НУ Завод и Музеј ќе гостува дуото Драган Даутовски со неговиот син Ратко Даутовски и промоција на албумот Apocalypticum. Третата вечер (24.07) е распослана на Широк сокак и старата битолска чаршија, насловена како „Распеана чаршија“.Започнува во срцето на старата битолска чаршија на истото место каде што овој фестивал и започна , пред „Малиот битолски Монмартр“ со „Приказни од чаршијата“ , и настап на легендарните КУД Илинден, како и изложбата „ 40 години Мал битолски Монмартр “ за да продолжи на неколку локации со настап на чалгиски ансамбли и дополнителни соддржини.
„Со овој концепт имаме намера да ја раздвижиме старата битолска чаршија почнувајќи од Широк сокак - Магнолија, пешачката улица покрај реката Драгор , како и неколку локации во самата чаршија. Оваа трета вечер се подготвува детално во соработка со дуќанџите и Регионалната занаетчиска комора Битола и неформалната група „Стара битолска чаршија“. Целта е да заживее старата битолска чаршија преку анимација на што поголем број посетители и учесници , како и партиципација на дуќанџиите. Секако дека при планирање на оваа вечер, како и предходните настани, прво што го имаме во предвид е високиот степен на почитување на правилникот за оддржување на културни манифестации во време на пандемија, нешто што успешно го покажавме минатата година“, велат организаторите.
Фестивалот е финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија и помогнат од Општина Битола.
Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола прославија четири години од своето постоење. На прославата што се одржа во хотел Премиер присуствуваа бројни соработници, граѓански активисти, новинари и градоначалници.
Претседателот на здружението Интерактив, Мартин Николовски истакна дека успехот на една организација се должи на тимската работа, за што рече дека пример за тоа е токму Интерактив – Битола.
„Денес Интерактив – Битола слави четири години од своето постоење. Кога во 2017 година група на млади ентузијасти одлучивме да го формираме ова здружение, воопшто не бевме свесни во кој правец ќе се движиме. Меѓутоа денеска имаме единствена цел, а тоа е Интерактив да биде организација од младите и за младите, организација која што ќе работи на проекти во интерес на младите луѓе.“ – изјави Николовски.
На одбележувањето на 4-годишнината од формирањето на здружението, претседателот Мартин Николовски и додели плакета на професорката на Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола, Проф. д-р Моника Марковска за особен придонес во работата на здружението.
„Кога го формиравме ова здружение голема поддршка тогаш имавме од нашиот прерано починат пријател Нешат Аземовски, кој всушност е главен виновник за постоењето на Интерактив. Меѓутоа, за растот на здружението, за реализацијата на бројни активности и проекти во последниве две години најголем придонес има токму Проф. д-р Моника Марковска, на која што и ја доделуваме оваа плакета во знак на благодарност за целиот труд што го вложи за развој на здружението.“ – додаде Николовски.
Инаку, Здружението за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво. Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Северна Македонија. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.


„Во следните три месеци ни престои исклучително тешка битка во која треба да ѝ се спротивствиме на двата големи политички блока, ама наша обврска ќе биде да понудиме алтернатива. Не само на тие блокови, туку на едно радикално, според мене, речиси фашистичко движење, кое со гол популизам, со празни и многу опасни тези се посериозно се наметнува во политичкиот простор, особено кај младите луѓе. За да се спротивствиме ќе ни треба храброст, и знаење, и идеи, и решенија“ рече Валентин Груевски од ЛДП на промоцијата на новото граѓанско движење на центарот при промоцијата во Битола.
„Многу е полесно да ги помините изборите под чадорот на некој поголем брат, но храброст е да излезите од него и понудите, во дослух со сите граѓани, решенија и визија. Едно од најчестите поставувани прашања во оваа кампања ќе биде дали со вашиот настап сакате да му помогнете на ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт? Нашиот одговор е големо не, на оваа кампања ќе си помогнеме самите себе, на нашите граѓани, ќе им помогнеме на Битола“, рече Груевски.
