2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

 
На градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и беше врачена Благодарница за успешна соработка и афирмација на активностите на Друштвото на ликовни уметници на Битола, од страна на претседателката на ДЛУБ Нела Петровска. 

 

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид 19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје.

Уште рано изутринава во комбиња на Македонски пошти и со големо полициско обезбедување започна транспортот на гласачките материјали од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола каде се печатеше, до општинските изборни комисии. Се врши дустрибуција на околу 4,5 милиони ливчиња и друг печатен материјал.

„За овие избори имаме за дистрибуција многу материјал до 80 општини плус градот Скопје. Има многу материјал зашто има рекорден број на листи на независни кандидати  и на повеќе коалиции. Комбињата и камионите на Македонски пошти ги пратат и возила на МВР зашто се работи за доверлив материјал, гласачки ливчиња и изводи од гласачките списоци. Денес ќе се дистрибуира гласачкиот материјал, а за утре ќе остане да се предадат уште уредите за биометриска идентификација на гласачите“, рече Александар Даштевски, претседател на ДИК.

Гласачкиот материјал како и за низа претходни избори се печатеше во битолската печатница „Киро Дандаро“.

„За релативно краток период од 20 дена завршивме огромна работа, односно отпечативме околу 4,5 милиони ливчиња и огромен пратечки материјал, записници и се што е потребно за спроведување на изборите. Овие гласачки ливчиња според мене, се едни од најзаштитените зашто има преку 20 заштити и не е можно никакво фалсификување, префрлање од едно изборичако место на друго, зашто сите се обележани со свое избирачко место. Отпечативме 40 тони хартија за ливчиња и плус околу 20 тони хартија за записници и други материјали“, рече Драги Милошевски, директор на „Киро Дандаро“.

Акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери” донесе повеќе високоефикасни инвертер клими за домаќинствата од тоа што се очекуваше. Акцијата спроведена во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021 со средства од АД ЕСМ во износ од 10 милиони евра и со одлука на Владата на Р. Северна Македонија, обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со регистрирана највисока аерозагаденост и напуштање на греењето на цврсти горива кои загадуваат.

За остварување на оваа мерка владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.

Владата ги префрли средствата во наменски фонд, од каде се распределија на Град Скопје, општина Тетово, општина Кичево и оштина Битола.

Субвенционирањето се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За субвенции во Скопје можеа да аплицираат и домаќинставата од општините кои не се во склоп на Град Скопје односно Арачиново, Сопиште, Илинден. Предност во процесот имаа семејствата кои имаат месечни приходи до 30.000 денари.

Градот Скопје наместо предвидените 5200, досега додели 6150 субвенции за инвертери, затоа што дел од субвенционираните баратели имаа потрошено помалку средства од предвидениот максимум од 62 илјади денари.

За акцијата беше доделен буџет од 322.400.000,00 денари, исплатени се 298.416.632,00, а останати 23.983.368 денари, кои се доволни за уште околу 400 инвертери за кои ќе биде распишан нов повик.

Инвертерите се доделени во следните општини:

Кисела Вода 1184

Ѓорче Петров 1058

Гази Баба 947

Бутел 718

Чаир 704

Карпош 630

Аеродром 542

Центар 306

Сарај 226

Шуто Оризари 167

Други 15

Општина Кичево наместо предвидените 800 клима уреди, додели 810, затоа што останале средства од предвидениот буџет.

По завршувањето на акцијата од добиени 49.496.058,00 денари останати се 103.942,00 денари.

Покриена беше територијата на цела општина, аплицираа баратели со живеалишта и од град и од село, со тоа што во најголем процент од околу 90% барателите беа од Кичево.

Општина Тетово наместо предвидените 1500 субвенции, додели 1589 клима уреди бидејќи исто така и во оваа општина останале средства.

Субвенциите од вкупно 92.700.000 денари биле целосно поделени, во Тетово и населените места Порој и Голема Речица.

Општина Битола доби 155 милиони денари за акцијата, од кои останале помалку од 1 милион денари. Досега се доделени 2500 инвертери, пиушува во соопштението на ЕСМ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани