
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Општина Битола денес пристигна третото, од предвидените четири минибуси на метан, како дел од заложбата на градоначалничката Наташа Петровска за создавање на услови за почиста животна средина. Претставникот на компанијата Каргомакс, Стеван Мишев и ги предаде клучевите од возилото на градоначалничката Наташа Петровска, која и денес посочи дека овие возила – минибуси на еколошко гориво ќе бидат во функција на учениците и граѓаните на Општина Битола.
Денеска по повод Европскиот ден на органодонорството се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето на органи и ткива, како и донирањето на коскена срцевина како начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина. По повод Европскиот ден на органодонорство, министерот за здравство др Венко Филипче, Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива др Маја Мојсова Мијовска и директорката на Клиниката за хематологија др Ирина Пановска Ставридис направија ретроспектива на спроведените активности на полето на трансплантацијата во изминатите две години и се освраа на значењето на трансплантација во земјава.
Општина Битола инвестира преку програмата за социјална заштита за 2021 година, согласно објавениот јавен повик за искористување на средства за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема за физичка пристапност во домот на лица со попреченост.
Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, го посети домот на Лидија Ристевска, лице кое е корисник на средствата наменети за помош и олеснување на лицата со попреченост. Ристевска појасни дека со средствата од Општина Битола се извршени неколку корекции и прилагодувања во тоалетот, олеснет е пристапот до кујната со рушење на ѕид, заменета е вратата за терасата со поширока со отстранување на праговите.На средбата, Ристевска изрази посебна благодарасност до градоначалничката Петровска, бидејќи сите овие интервенции во значајна мерка и го олеснија секојдневното движење низ станот и и овоможија подостоинствено да се справува со предизвиците со кои се соочува како инвалидизирано лице.
На седумте апликанти кои аплицираа на повикот, исплатени им се над 355.000 денари, во инвестиции за надминување на досегашните бариери кои значително им го отежнувале животот. Јавниот повик за кој се обезбедени 1.000.000 денари е отворен во текот на целата година, до целосно искористување на средствата.
Подобрувањето на условите и новите можности кои создаваат еднакви услови за сите граѓани, се постојана заложба во мандатот на градоначалничката Петровска.
Домувањето и неможноста за економска независност се едни од клучните проблеми поради кои жртвите на семејно насилство не се одлучуваат да го напуштат насилникот, посебно ако имаат и малолетни деца, покажа истражувањето на Здружението за еднакви можности „Семпер“ од Битола. Со истражувањето „Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство“ беа интервјуирани и жени кои го напуштиле насилниот партнер, граѓани, како и институции кои се занимааваат со оваа проблематика.
Во време на пандемија и економска криза Владата на Р. Северна Македонија и АД ЕСМ се грижат граѓаните да не плаќаат скапа струја. Само Христијан Мицкоски заговара АД ЕСМ да не ја продава струјата за граѓаните по ниска цена. Предлага истата да ја продава на регионалните берзи по многу високи цени, од каде Снабдувачот треба да ја купи и по такви високи цени да ја продава на домаќинствата, реагираат од ЕСМ на критиките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
„Не е јасна економската и социјална логика и за што се залага Христијан Мицкоски. Ако АД ЕСМ ја продава електричната енергија на берза за да оствари поголем приход, тогаш ЕВН како снабдувач на граѓаните треба истата електрична енергија да ја купи од берза по уште повисока цена и со висока цена да ја продаде на граѓаните, а притоа да се соочи и со потешкотии да ја набави, што исто така ќе биде на штета на граѓаните“, стои во соопштението на ЕСМ. .
-Исто така се залага да не се набавува јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј, а со тоа да не се произведе поевтина струја за стопанството и да не се зацврсти економијата. Дали Мицкоски го предлага неговиот модел во менаџирањето на производството на електрична енергија? Дали го предлага неговото искуство од времето кога беше директор на ЕЛЕМ, кога во 2017г купи увозна струја по астрономски високи цени и до 240 евра за MWh. За на ЕВН да му ја продаде за 40 евра за MWh? И тоа да биде платено 5.600.000 евра државни пари? Дали Мицкоски и сега се залага да не се зголеми домашното производство на поевтина електрична енергија-прашуваат од ЕСМ.
Од таму додаваат дека уште минатата година се поставија неколку прашања, на кои Христијан Мицкоски не даде одговор:
До денес нема одговор на прашањата. Наместо тоа Христијан Мицкоски и денес се залага да не се произведува домашна струја, се залага да не се продава струјата кон граѓаните по субвенционирана цена и изнесува математики и пресметки кои се неодржливи.
Веселата математика на Мицкоски ја сметаме за предизборно политикантство кое нема основа во реалната економија. АД ЕСМ е надвор од политичките институции и компанијата, водејќи се по економската логика и потреби, засилено ќе произведува домашна струја, и за граѓаните и за стопанството, пишува во соопштението.
Општина Битола учествува во реконструкција на седумте патни премини преку железничката пруга на територијата на Општина Битола, во соработка со Македонски Железници.
Во текот на ноќта кон четврток од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.
