2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во ВМРО-ДПМНЕ во тек е анкета на десетина имиња од кои ќе се избере кандидат за градоначалник, рече денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој имаше средби со битолските стопанственици и граѓани. Тој не спомена кои имиња се дел од овие анкети, но рече дека се анкетираат не само партиски, туку и непартиски личности, но луѓе со десничарски погледи.

На 12.05.2021 во 17.00 часот во Битола, на ул.„Бранко Радичевиќ“ во својот дом е пронајден починат С.Б.(21) од Битола. Од екипа на Итна медицинска помош е констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Вчера од битолскиот Завод и музеј во СВР Битола пријавиле дека малолетник од музејската поставка украл револвер, а полицијата го пронашла и го вратила

Денес во Битола се регистрирани 9 новозаболени од ковид 19, 2 починати лица и 180 оздравени. Активни се водат 446 случаи, со што Битола е и натаму на високото трето место по Скопје и Куманово. Во болницата во Битола е хоспитализиран 41 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19.

Библиотеки полни со човечки "книги" се сѐ почеста појава во светот. Претставуваат сјаен начин за надминување на предрасудите, како и за поврзување на луѓето во светот.

Живите библиотеки функционираат како и секоја „нормална“ библиотека: посетителите го разгледуваат каталогот со наслови и од библиотекарот позајмуваат книга за одредено време. По читањето, ја враќаат книгата во библиотеката и ако сакаат можат да позајмат друга книга. Основната разлика е што во „Живи библиотеки“ книгите се луѓето, а читањето е всушност разговорот.

Младинскиот инфо клуб од Битола, кој е менториран од страна на МКЦ и поддржан од УНДП го организираше овој настан во дворот на ФИКТ. Луѓе-книги беа Марјан Бакревски - музичар во светот на крафт пивата, Горан Панкерот-антрополог во светот на мобилни телефони, Теона Манго - од свет на дипломатија на Квин Мери Универзитет во Лондон до еко платформа за будење на навиките за одржлив живот, Мартин -Улаф Сте, еден од основачите на првото знаковно кафуле во Битола, Јасмина 3/4 - од свет на економија во свет на дизајн, Милан Петровски Game Developer и креатор на првата македонска игра во виртуелна реалност. За одличните “книги” да станат волшебни се погрижи DJ Chiko кој приреди лајф сет на македонска музика издадена на винили.


Основната цел на „Живи библиотеки“ е да креира простор за конструктивен личен дијалог помеѓу луѓето кои во нормални околности немаат можност да зборуваат помеѓу себе.
Ова беше одлична можност од прва рака младите луѓе да добијат информации за кариерниот раст и развој на личности кои имаат интересни приказни да раскажат. Можност да добиете јасна слика за некои професии како би ви го олеснале процесот на креирање на Вашиот индивидуален план за кариера.книги 4

книгу 2

книгиу3

Битола е збогатена со нови уредени катчиња со тревни површини и цветни леи. Екипите на ЈП „Комуналец“ деновиве садат цвеќиња и на тревниците пред зградите кај РЕМО,  а со цветни леи и нови клупи оплеменет е и просторот пред Центарот за култура. Градскиот парк, исто така, изобилува со цвеќиња во различни бои , а пријатни за око се и тревниците кај Гроздот кои беа со засушена трева, а сега се уредени со зелени тревници, цвеќиња и други декорации.   185388503 1116586312188385 8067512088784946915 n

185421769 107068458127653 2162748723290106388 n

185363121 812656342961637 5374037397051574164 n

185279682 954611821997641 8345643565954282130 n

185373915 862391614624036 4021710252252140619 n

185499524 304625881117844 6297920612859669135 n

ffff

fff1

 

Наплатниот центар на КЈП Нискоградба, ЈП Комуналец и ЈКП Водовод утре 14.05.2021 година ( Петок ) нема да работи поради изведување на електрична мрежа на улица Рузвелтова каде што е и седиштето на  наплатниот пункт.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани