АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денот го започнувам... со чаша цеден лимон и топло Нес-кафе.
Најголемата моја доблест е... искреност и верба во луѓето.
Навика што сакам да ја променам е... знам да се замуабетам подолго од потребното.
Највредното нешто во мојот живот е... семејството.
Мое најголемо достигнување е... да останам смирен, разумен и да изнајдам решение во најтешките ситуации.
Во Битола најмногу ме нервира... нечистотијата и хаосот во сообраќајот.
Во Битола никогаш не би променил... еснафските навики и навиката да се пие кафе на Широк Сокак.
Мојата најважна животна лекција е... за се има решение кога се работи со љубов.
Битола за мене е...најубавиот град на светот.
Политиката за мене е ....предизвик и можност да покажам дека секогаш може подобро.
Градоначалничката функција ќе ми даде моќ за... да ги променам работите.
Ако згрешам дури сум градоначалник ќе ...знам да се извинам, да се коригирам...
Кога ме поствауваат незгодни прашања јас...да останам смирен.
Почитувам туѓо мислење кога...е добронамерно, конструктивно, критичко, дава добра идеја...
Парите за мене се...само средство за задоволување на основните потреби за живот.
Кога работам под притисок јас...сум уште подобар.
Кога ќе се преработам јас...знам да свртам еден круг на Широк Сокак.
Лицемиерие за мене е...да ги гледаш луѓето во очи и да ги лажеш.
Лакомост за мене е...несвојствена.
Се опуштам така што...ќе изгледам добар филм....