
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 3 март 1920 година, во селото Лавци, Битолско, роден е Пецо Гудовски.
Денес, по повод Светскиот ден за борба против дискриминација, уште еднаш се потсетуваме на нашата обврска за градење на еднакво, праведно и правично општество. Нашите заложби за нулта дискриминација ги остваруваме преку конкретни законски решенија, изјава пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ Битола - Бисера Костадиновска- Стојчевска.
„Владата предводена од СДСМ направи сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата. Го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација кој обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните, а низ транспарентна постапка избрана е и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за прв пат како дискриминаторски основи се вклучени сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Владата предводена од СДСМ останува посветена на интересите на сите категории граѓани и продолжуваме да работиме во нивен интерес. Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Остатоци од црква и три гроба со движни добра се пронајдени при најновите археолошки истражувања во дворот на Јени џамија во Битола, потврди Мери Стојанова, директорката на битолски Завод и Музеј.
„При последните археолошки истражувања се откриени делови од западниот ѕид на црквата, северниот ѕид на тремот на црквата, како и два придружни ѕида од различни архитектонски фази. Покрај овие елементи, откриени се и три гроба со движни добра, масивна мермерна база со отвори за оловни стеги и друго. Овие недвижни и движни добра понатаму ќе бидат предмет на стручно проучување и се очекува да дадат значајни податоци за средновековна Битола“, вели Стојанова.
Во однос на заштитата на недвижните добра, се бара начин за најсоодветна презентација на археолошките наоди, без притоа да се наруши комплетниот амбиент.
„Улога во реализацијата на идеите играат и финансиските средства, чиј обем ќе произлезе од проектот кој е речиси целосно изработен. Во изминатиот период презедовме одредени зафати за да се заштитат наодите, особено од временските влијанија“, изјави Стојанова.
Истражувањата од изминатите години покажаа дека Јени џамија крие темели на три цркви, од седми, 11. и од 13. век и се смета дека меѓу нив е и некогаш најголемата раносредновековна црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорги“. При ископувањата во џамијата беа пронајдени два печата, сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на Богородица. За највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон на кој се изгравирани позлатени фигури на светци.
„Се смета дека еден печат му припаѓал на видно семејство, на некој од следбениците на цар Самоил. Се смета дека во 11. век ова место било епископско седиште“„ кажа археологот во пензија Гордана Филиповска-Лазаревска, која учествуваше во ископувањата.
Во внатрешноста на џамијата веќе е ставен стаклен под, под кој се гледаат темелите од црквите. Целта е објектот да ги обединува христијанското и исламското културно наследство. Државата досега вложи 15 милиони денари во истражувањата и реставрацијата. Во годинашната Програма за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура предвидени се 300.000 денари за конзерваторски проект за ентериерот на Јени џамија и уште 250.000 денари за археолошки ископувања.