
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола има шанса да бира нов лидер или да му ја даде поддршка за реизбор на актуелниот претседател на партијата, Борче Димитровски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од вчера објави вонреден генерален повик за избор на претседатели на 76 општински комитети во државата, кој ќе трае до 11 март. Ова според добро упатени извори во партијата во Битола е шанса за воспоставување на свои луѓе од доверба на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, но и потег за реформи во партијата, односно да дојдат до израз членови кои постигнале резултати на општинско ниво, но заради одредени пријателски и роднински врски со поранешната гарнитура на Никола Груевски не дошле до израз.
Три знамиња раширија пред советничката говорница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по што ја напуштија денешната седница на битолскиот Совет, во знак на поддршка за притворените од настаните во Собранието на 27 април. Координаторот Борче Димитровски, ваквиот потег го образложи од говорницата.
Централниот штаб на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, на денешната средба во Скопје , донесе став доколку претстојниот Конгрес на партијата на ВМРО-ДПМНЕ не настапи под предзнакот „обединувачки“ нема да земат учество на него.
Лидерот Никола Груевски и локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, немаат легитимитет да управуваат со партијата, изјавија вечерва на прес конференција сегашни и поранешни членови на партијата и побараа оставки.
-Почитувани,
ве покануваме на прес конференција која ќе се одржи пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола во 17:30 часот на кој ќе се обратат Месните комитети од Битола во врска со барање за оставка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Вака стои на меил пораката што денеска ја добија дел од медиумите, а во која се бара оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.