АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пелистер е непресушна инспирација за вљубениците во планината и фотографијата. Често, наши редовни читатели ни испраќаат прекрасни фотографии од планианскиот убавец, а меѓу нив многупати е и младиот Пантелејмон Трпчевски, кој овој викенде заедно со семјеството се искачи до Големо Езеро по патеката покрај реката Сапунчица, која извира од Баба Планина.
Исто така, по оваа патека на 15 август ќе се одржи долгоочекуваната трка - „Ultra Pelister Trail“.
Во време на светска пандемија, кога оваа генерација матуранти ја немаше можноста да организира матурска прослава која се памети за цел живот, ниту пак да отпатува на заедничка екскурзија со која ќе се збогуваат од средношклските клупи, група од десетина матуранти предводена од Пантелејмон Трпчевски се искачи до Големо Езеро на Пелистер.
Од таму ексклузивно за апла.мк испратија исклучителни фотографии, но и видео од нивната авантура со чамец од центарот на едно од најубавите глечерски езера на светот.-Големо Езеро во НП Пелистер.