
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Објавувајќи ја програмата за дочекот на Новата година на плоштадот Магнолија, градоначалничката Наташа Петровска испрати емотивна порака на својот фејсбук профил до битолчани.
-Драги мои, животот е премногу краток за да зборуваме само за проблемите. Доаѓа Нова Година. Можеби недоволно, можеби премногу, но сепак ќе се израдувам со сто насмевки за барем една разбудена ваша насмевка со програмата на плоштадот. Да сте здрави и живи. Јас да бидам ВАША на дела, не на зборови, пишува Петровска на својот фејсбук профил.
Како австриските искуства околу чиста и здрава животна средина да се пренесат кај нас , разговараа, меѓу другото, на денешната средба градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, со Амбасадорката на Република Австрија, Рената Коблер.
Битолчани ќе се вклучат во лов на загадувачи на воздухот во градот, посебно на оние кои палат гуми и пластики, а информациите ќе бидат доставувани до Општинскиот инспекторат за животна средина. Тоа им го озвозможува прокетот „Сликај, постирај, алармирај“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ кое денес потпиша меморандум за соработката со Општина Битола.
Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари официјална средба со постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, г-ѓа Луиза Винтон.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска е новиот претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.