2win800x200

Општина Битола и битолското Здружението на пензионери денес потпишаа Меморандум за соработка, а целта е унапредување на нивните права и подобрување на состојбата во сите сфери на општественото живеењее.

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

Академската фела се вклучува во изработка на значајни проекти за градот, а за таа цел денеска деканот на Теничкиот факултет проф. др. Стојанче Нусев, потпиша меморандум за соработка со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Образовниот процес и можностите за  натамошна соработка на двете земји на ова поле, беше во фокусот на раговорите при денешната средба на министерот за образоавние на Бугарија, Красимир Влчев и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

Во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна незгода на преминот на железничката пруга во близина на полигонот за обука и полагање на возачи од Општина Битола, на патот кој се користи за пристап до земјоделските парцели од двете страни на патот. За среќа,  сообраќајната незгода помеѓу воз и патничко возило завршила со мали материјални оштетувања на возилото, без никакви последици за учесниците во немилиот настан, информираат од Општина Битола.

Со цел во иднина да бидат избегнати ваквите несакани ситуации, Општина Битола апелира до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари - Карамани.

За таа цел, ја објавуваме патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите, велат од општината.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани