2win800x200

Општина Битола го објави конкурсот за редизајнирање на кружен тек кај месноста “Дулие” во Битола на тема – Круг на Јарболите.Кружниот тек се изгради во летото 2009 година и тој простор доби ново сообраќајно решение.

Општината вложи над 820 000 денари во отворање на три занимални во три различни градинки при ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола. Со занимални се подновија градинките „Колибри“ во населба Стрелиште, „Вангел Мајоро“ во Кланица и „Росица“ во Буковски Ливади.

За време на викендот во Битола се одржа традиционалниот дводневен празничен  шаховски турнир за слепи лица со учесници од целата држава. Шаховскиот турнир за слепи лица е  во редовната програма по повод Денот на ослободувањето на Битола. Лицата со овој вид хендикеп уште еднаш го покажаа својот спортски дух и желбата за заедничко дружење. А со нив партија шах изиграа и претседателот на Совет Валентин Груевски и советниците Емилија Костурска и Борче Корлевски од СДСМ. Општина Битола го поддржува овој турнир како и сите активности кои се во насока на подобар живот на лицата со хендикеп.

74407024 557839118312791 926038375431929856 n

74165138 545638676193316 8192673932713656320 n

А.Б

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани