Во средата во СВР Битола, 19-годишна девојка од Битола пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот додека се возела во автобус кој сообраќал на релација Скопје-Битола, маж ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР -Битола

СВР-Битола соопшти дека во текот на вчерашниот ден битолчанецот  Н.С. (61 г.) во СВР-Битола пријавил дека во ноќта меѓу 19 и 20. август непознат сторител извршил тешка кражба во негова гаража ул.„Ѓорѓи Зековски” во Битола.

Секторот за односи со јавност при СВР-Битола потврди дека според пријавеното, станува збор за тешка кражба во која сторителот одзел 17 куќишта од компјутери, графички картички и други составни делови од компјутери.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот, нагласуваа од СВР-Битола.

Влезовите, односно излезите од  Битола, критичните сообраќајни точки и локации кои во изминатиот период се покажале како критични места за кражби да бидат покриени со видео надзор. За ова при денешната посета на Битола разговараа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Проектот „Безбеден град“ во наредниот период треба да го реалзира локалната самоуправа во соработка со битолската полиција.

Полицијата го пронашла 11 годишното момче кое во понеделникот било пријавено за исчезнато. Според СВР Битола, момчето било пронајдено денес во 1,20 часот и предадено на родителите. И претходно се случувало детето да се оддалечи од својот дом и да се врати назад.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани