2win800x200

На денешен ден пред 80 години е разбиен одредот Пелистер, загинаа шестмина партизани

Мај 03, 2022

На денешен ден - 3 мај 1942 година Во близина на селото Ореово, Битолско, е разбиен БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.

Формиран е на 22 април 1942 година од 19 борци. Набрзо, откако преку шпиони е лоциран од бугарската окупаторска војска и полиција, беше опкружен над селото Ореово, Битолско и во борбата загинаа: народниот херој Елпида Караманди, која всушност, беше тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени беа: Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои беа одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна обесени. Останатите партизани од Одредот успеаа да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани