2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ДЕНОТ НА РОМИТЕ ДА НЕ СЕ СЛАВИ СО МУЗИКИ, ТУКУ СО АКТИВНОСТИ ЗА РАМНОПРАВНОСТ, ПОРАЧАА НЕВЛАДИНИТЕ

Април 08, 2019

Дури 321 случај на Роми кои барале совети и помош од Прваната клиника биле евидентирани во периодот од февруари до декември минатата година во Битола. Според груба пресметка, тоа би значело дека секојдневно се обраќале до Правната клиника отворена преку проект на Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“, поддржан од Европскиот центар за правата на Ромите од Будимпешта.

 

„Нашите определби со овој проект е да ја зајакнеме ромската заедница со запознавање и информирање за нивните права, на некој начин да го подигнеме на повисоко ниво знаењето на Ромите во однос на правата кои ги имаат“, рече претседателот на „Баирска светлина“, Медик.

Правната клиника функционира веќе две години, Џенгиз Бериша е ангажиран како правен советник.

„Случаите за кои се бараат совети се од образованието, здравствената заштита, социјална заштитата и домување. Секојднево се обраќаат за секакви потреби и проблеми во Правната клника, јас како правник нудам правна помош и совети, имаме вклучен и теренски асистент кој е линкот меѓу заедницата и самите институции, ги собираме информациите, ги пренесуваме до институциите и заедницата и ги надминуваме тие пречки во нивната комуникација. Ромите немаат доволно информации и се соочуваат со бариери во сложените административни процедури, во оставрување на тие права и не можат редовно да ги следат честите измени на законските регулативи“, рече Бериша.

Тој на Меѓународниот ден на Ромите порача : „Ромите се дел од општеството и не треба да го прославауваат празникот преку музика, хепенинзи, туку треба како што Конгресот во 1971 година се борел за рамноправност како еднакви граѓани во општеството, така треба и понатаму да продолжиме во напорите да бидеме еднакви“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани