АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преку проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад “- СИМБИОЗА од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија –Република Грција набавен е трактор, мулчер кој ќе се користи за косење на комунални површини и зеленило и 15 контејнери со капацитет од 1100 литри.Оваа опремата ќе ја користи ЈКП„ Комунална Хигиена“ Новаци со цел подобри комунални услуги спрема граѓаните на општина Новаци.
-Набавивме трактор John Deere, мулчер и 15 контејнери кои ќе служат за спроведување на проектот Симбиоза и за работењето на претпријатието кои ќе придонесат и за подобрување на комуналните услуги .-истакна Директорот на Комунална Хигиена Новаци, Борче Јовановски.
Партнери во проектот од македонска страна се ЈП„Комуналец“ од Битола и Движење за околината Молика од Битола, а од грчка националниот Универзитет од Атина, Компанија за управување со отпад од Западна Македонија „Дијадима“ и Центарот за иновации и култура „Инополис“.
Проектот ќе трае 24 месеци, започна во мај 2018 а ќе трае до 2020 година. Вкупната сума за сите партнери изнесува 836 илјади евра. Буџетот на Комунална Хигиена изнесува 62 илјади евра.
Проектот „ Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад “- СИМБИОЗА е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.