2win800x200

Атанасовски-Елаборатот за фотоволтаичната централа на ЈП „Пазари“ одобрен од Министерство за животна средина

Септември 18, 2019

Добиено е решението од Министерство за животна средина и просторно планирање за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина за спроведување на проектот: „Изградба на фотоволтаична централа до 20KW“ на локација за потребите на ЈП Пазари Битола. Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда, треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците при работењето на ова јавно претпријатие. Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари.

39caac1103b5a375784200f85bd017c6 XL

-Ова е трет чекор до исполнување на проектот. Откако го изработивме идејниот проект и објавивме тендер за поставување на фотоволтаични панели до 20 КW на Градскиот пазар во Битола, следен чекер беше изработка на елаборат за заштита на животната средина поднесен до Министерството за животна средина и просторно планирање и во текот на вчерашниот ден го добивме решението  за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина за спроведување на проектот „Изградба на фотоволтаична централа до 20KW“ на локација за потребите на ЈП Пазари Битола. Проектот е веќе изготвен и очекуваме во текот на денот да биде доставен до Министерство за економија , до Комисијата за енегетика. Полека се приближуваме до целата, изјави Владе Атанасовски, директор на ЈП Пазари Битола.

70834135 979682972382687 5973373320513454080 n

Директорот  Атанасовски истакна дека ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани