2win800x200

Валентин Груевски за оваа недела најави седница за „Платформата за ракометна Битола“

Септември 30, 2019

Седница на Совет за понудената Платформа за развој на ракометот во Општина Битола помеѓу ракометниот клуб „Пелистер“ и „Еурофарм работник“ ќе има во текот на оваа недела , најави претседателот на Совет Валентин Груевски на денешната седница на Совет.

 

-Добро паметам што кажав на седниците и какви обврски сум зел и се трудам да ги исполнам,во најголем можел дел, ако не и стопроцентно. Кажав дека ќе имаме седница, посебна, на која ќе го направиме ова спојување , и таа седница стои дека ќе ја направиме. Најверојано во наредните денови таа работа ќе ја завршиме . Она што  треба да го знаете  е дека се работи на усогласување на деталите од таа спогодба. Две работи настанале во меѓу период. Кога влегуваше оваа управа и кога не се трошеле толкави  буџети и работи кои настанале пред три-четири години, судскиот спор со тренерот на „Пелистер“. И втора работа станови  кои РК „Пелистер“ ги имал добиено од ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор . Се работи за поголема сума на пари доделени пред дваесеттина години. Ова се работите кои моментално претставуваат пречка за спроведување на оваа платформа и двете работи се надевам во наредниот период ќе се расчистат и за брзо да имама седница . Ние ја покренавме иницијативата ние го водиме процесот, изјави  Груевски  откако советникот на ВМРО-ДПМНЕ  Иванчо Тошевски од  советничката говорница побара информација за текот на преговорите во однос на понудената Платформа за развој на ракометот во Општина Битола помеѓу ракометниот клуб „Пелистер“ и „Еурофарм работник“.

-Долго време го најавувавте зачетокот на ракометниот џин, како што го најавувате иако слушнавме дека сите долгови  се сервисирани на „Пелистер“, но Петровска кажа дека се уште има некои неразјаснети долгови.  Во моментов „Пелистер“ со договор има двајца играчи и последна плата што ја зеле во месец мај. Во текот на оваа недела РК „Пелистер“  го очекува меѓународен натпревар, рече Тошевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани