2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Градот на конзулите доби и почесен конзулат на Република Албанија

Ноември 20, 2019

Република Албанија отвори Почесен конзулат во градот на конзулите, Битола. Ова е тринаесетти конзулат што се отвора во новата битолска историја. Конзулатот е сместен на Широк Сокак каде што се наоѓаат и дел од другите конзулати,а за почесен конзул е назначен Имер Селмани, поранешнен вицепремиер и екс министер за здравство, како и кандидат за претседател во 2009 година од партијата Нова демократија кога беше наречен и македонски Обама зашто покрај Албанците привлече и македонски гласачи.

 

Селмани рече дека Битола е многу значајна како град, како историја за Албанците.

„Тука пред 111 години преродбениците ги ставија темелите на модерната албанска азбука. Ова е место кое има посебен сјај и гостопримство, но и посебна историја. За Градот Битола има голем придонес во создавањето на албанската азбука. Македонците и Албанците што денес живееме тука заедно со сите други етнички заедници сме горди на минатото. Со овој чекор, со многу труд сите ќе работиме да се гордееме и со нашата иднина. Имаме заедничка цел и иднина да имаме подобро место за живеењ , да сме под едно сонце во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија така и Република Албанија“, рече Селмани.

Градоначалничката Наташа Петровска ирази надеж дека со отворањето на конзулатот ќе се интензивира соработката меѓу двете држава, овој пат и на локално ниво.

„ Ме радува што ова практично ни отвора можности за многу подлабока соработка меѓу двете држави, многу повеќе спуштање на соработката на ниво на локални самоуправи, благодарение на тоа што веќе имаме почесен конзул кој на некој начин ќе го олеснува овој процес“, рече Петровска.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани