АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола од двете државни мерни станици работи само едната. Макрадули рече дека преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција ќе се постави уште по една мерка станица за аерозагадувањето во Гевгелија и Битола. Рече дека политиката за аерозагадувањето секоја земја членка на Европската Унија ја гради врз основа на скапи станици, а не на сезнори кои можат да дадат индикативни податоци.
„Сите локации на 17 мерни станици на Министерството за животна средина во земјава се согласно правилата на Европската Агенција за животна средина. Се бира да нема пречки, ружата на ветрови како се движи, не е едноставно да ставите сензор од 5 долари што ќе направи паника. Си има правила температурата на станицата да биде постојана, да биде бетонски заградена. И затоа се скапи. Локацијата се одбира врз основа на неколку параметри.Сензорите пак се индикативни за да оценат граѓаните дали ако е загадено надвор да не го пуштат детето да игра. Но, не постои членка на ЕУ која ја гради политиката на индикативните принципи туку врз основа на овие скапи станици, кои внатре имаат по седум сезнори. Во рамки на региониот според индикаторите што ги имаме сме лидери по мерењето што го правиме’, рече Макрадули