АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се изведува реконструкција на ул. „Бранко Радиќевиќ“, а во текот на денот градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во инфраструктурните активности. Реконструкцијата се одвива во три фази. КЈП „Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, a екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци. Последната фаза од комплетната реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ опфаќа асфалтирање и партерно уредување на улицата.
(Фото: Н. Петровска, градоначалник на Битола на увид на реконструикцијата)
Вкупната сума, која Општина Битола ја издвои за комплетната реконструкција на улицата изнесува над 4.600.000 денари.
(Фото: М. Силјановски и Г. Козаров, директори на „Нискоградба“ и „Водовод“- на улицата се менува канализационата и водоводната мрежа)