АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 5 јуни сум на годишн одмор, односно го користам ланскиот одмор, одговори кандидатот за пратеник на СДСМ, Горан Козаров, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека како директор на ЈП „Водовод„ тера партиска агенда во работно време.
Козров пред медиумите приложи и решение за годишен одмор.
Вели иако користи одмор, повремено оди во дирекцијат на ЈП „Водовод“ за да биде во тек со работата таму, посебно во ваков сензитивен период
-Затоа што мојата функција како директор на ЈП „Водовод“ и сосотојбата со коронавирусот не ми дозволува да бидат целосно отсутен. Одам во дирекцијата, сум во тек со сите активности и сум присутен на терен. Сакам да им порачам на ВМРО-ДПМНЕ да не обвинуваат за она што тие се и тоа како извежбани да го прават-да поткупуваат и манипулираат со вистината, вели Козаров
Рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ следеше по донацијата на Козаров на заштитни маски за граѓаните во пазарот.
-Во изминатиот период СДСМ како одговорна политичка партија и ние како нејзини претставници, постојано укажауваме на почитување на мерките, но и помгаме на сите кои беа погодени од оваа пандемија, а некој се обидува и тоа да го оцрнува. Сметам дека гестот воопшто не беше несоодветен, туку сосема спротивно, тоа е она што треба сите да го правиме, да си помагаме едни со други и да сме свесни за колективното здравје. Во ваков сенизтивен период ако не можем да помогнеме, подобро да не одмагаме, рече Козаров