Битолчанецот Дурловски се збуни и не знаеше од каде треба да се изгради автопат за Битола

Јуни 28, 2020

Носителот на листата во 5 ИЕ од ВМРО-ДПМЕН, Игор Дурловски, во изјавата дадена во живо во вестите на Сител, се збуни па при набројување на инфраструктурните проекти од каде ќе се гради автопат до Битола, не можеше да се сети на Градско. Тој ова го оправда со неговото неискуство на телевизија.

Битолчани кои често патуваат од Скопје до Битола и обратно добро знаат дека најмачната делница е токму на Плетвар од Градско до Битола, па политичарите кои сакаат да ги убедат гласачите, познаваќи ја оваа мака на жителите од Пелагонија, ветуваат автопатско решение.

Со децении ова е еден од најголемите порблеми за битолчани, затоа што се уште немаат ниту едно автопатско поврзување..

(Фотографијата и видеото се преземени од вестите на ТВ Сител)

извор: ТВ Сител

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани