2win800x200

Гошаревска, сопруга на градоначалникот на Ресен, со донација за Ковид-одделот во Битола

Јуни 26, 2020

Билјана Гошаревска, сопруга на ресенскиот градоначалник, денес од сопствени средства донираше перници и постелнина за Ковид-одделот во Клиничката болница во Битола, каде се лекуваат и ресенски пациенти. 

 

,,Ова беше лично моја желба, добив идеја да помогнам самоиницијативно. Донирав 30 комплети на перници,  навлаки и постелнини. Донацијата е во знак на голема благодарност кон Клиничката болница од Битола, менаџерскиот тим со кој имаме одлична комуникација. На Инфективното одделение во Битола голем дел се наши пациенти бидејќи нашата општина ја зафати поголем бран на болни,  па сакав да помогнам и донацијата е набавена со мои средства", изјави за Апла.мк Билјана Гошаревска. 

 
Таа исто така, доаѓа од здравствен сектор  зашто работи во а Болницата за лекување на белодробни болести во Отешево. 
 
Од Клиничката болница во Битола на нивната интернет страница изразија јавна благодарност до Гошаревска за донацијата наменета за дополнителните капацитети на Инфективното одделение каде се третираат заболени со ковид-19. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани