2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Истражуваме дали фирмата што ме обвини e на екс директор на РЕК од времето на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачевски

Јуни 23, 2020

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека ги истражуваат наводите дека фирмата што министерот Наќе Чулев ја посочи како реномирана, а го пријавила првичот човек на електро-стопанство за изнуда и барање потркуп, е всушност основана од поранешен генерален директор на РЕК од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наќе Чулев за изјавата дадена пред СВР Битола и спомнувањето на моето име без притоа да ја почитува пресумцијата на невиност, моите адвокати веќе подготвуваат кривична пријава против него. Во неговите искази споменува таканаречена реномирана фирма, можеби тоа е фирмата чиј основач, директор или сопственик е поранешен генерален директор на РЕК во времето на ВМРО-ДПМНЕ и нивни партиски активист. Тоа е фирмата која во нивно време заработи преку тендери стотици милиони. За овие и другите работи, акционерското друштво ЕСМ ќе излезе со званични соопштенија и пријави за сите сомнителни и коруптивни зделки“, рече Ковачевски.

 

Тој уште еднаш посочи дека обвинувањата од Чулев се неосновани и ги повика надлежните институции веднаш да постапат и да работат на случајот со пријавата.

„Жалам што Наќе Чулев е и министер за полиција, истражител и обвинител и судија, а истовремено и извршител на партиски агенди на Мицковски. Ако веќе сака да брка криминал во овој период нека се позанимава со времето на Христијан Мицкоски како директрор на ЕЛЕМ за криминалните тендери во тој период за набавката на електрична енергија, по енормно високи цени, за ангажманот на негови блиски соработници за консултатни и адвокати и за плаќање на фактури во готово, односно ќеш на рака“, рече Ковачевски.,

Минатата недела, на шест дена пред почетокот на изборната кампања, министерот Чулев кој во владата е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека Ковачевски е пријавен од февруари од страна на фирма врз која била вршена изнуда и се барало поткуп за да се откаже од дел од тендер во РЕК.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани