АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Двајца битолчани во домашен притвор вчера гласале на предвремените парламентари избори, потврди претседателката на ОИК Битола Весна Томовска.
-Вчера гласаа лицата сместени во Домови за вонсемејно згрижување вкупно, 43 лица, и исто толку 43 во казнено поправни установи. Две лица гласаа со изречена мерка куќен притвор, како и 212 болнии немоќни лица. Гласањето помина во најдобар ред, рече Томовска.
Изборниот ден, денеска во Битола тече без проблеми на сите гласачки места, со почитување на протоколите потврдува Томовска.
-Во поглед на почитување на мерките и препораките за гласање со оглед на тоа што се одржуваа изборите во различни услови од досега немаме проблеми,за сите членови на избирачките одбори имаме навремено доставено маски и ракавици, рече Томовска.