АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Апла- Какви се последиците од драстичното намалување на обемот на работата , имајки ги во предвид сите откажани резервации на странски посети и организирани групи гости до крајот на годината?
Сведоци сме дека во изминатите месеци туризмот е еден од најпогодените сектори на глобално ниво кој секојднево кумулира огромни загуби како резултат светската пандемија предизвикана од корона вирусот. Хотелот “Молика“ секако не е изоставен од оваа состојба и тешко ја поднесува кризата. Изминатите години посетеноста од странски гости во хотелот беше солидна во текот на сите сезони од годината но посебно во периодот од април до октомври кога хотелот го посетуваа странски гости од регионот што нѐ опкружува, но и организирани групи од Словенија , Хрватска , Чешка и Полска. За жал, уште во почетокот на март беа откажани сите резервации од странски и домашни гости до крајот на 2020 година. Од тие причини се фокусиравме на домашниот пазар и на економската моќ на домашниот гостин. Направена е комплетна анализа на состојбите со корегирање на ценовната политика до крајот на 2020 година со попусти од 20 до 30 %.
Апла-Што очекувате од оваа летна туристичка сезона во хотелот „Молика“ на Пелистер и во што се состои вашата понуда за ова лето?
Свесни за состојбата во која се наоѓаат сите туристички субјекти во нашата држава и пошироко уште пред донесувањето на протоколите за работа на рестораните и хотелските капацитети, подготвивме специјална понуда под слоганот ,, Активен одмор на Пелистер , која вклучува промотивни пакет аранжмани и поволни цени за престој на Пелистер од 4 и 5 денови, на база полн пансион, до крајот на септември оваа година. Сметам дека таквата ценовна политика ќе биде случај во сите сместувачки капацитети на Друштвото и до почетокот на зимската туристичка сезона, што значи дека хотелот Молика ќе ја продолжи ваквата промотивна ценовна политика и за сезоната есен 2020 година.Во контекст на тоа, Хотелот Молика има склучено договори со голем број туристички агенции од земјата преку кои во моментот се нуди нашата понуда ,, Активен одмор на Пелистер“ потенцирајќи ги убавините на Националниот парк Пелистер , традиционалнато гостопримство на тимот во хотелот „Молика“
Апла -Што е она што го издвојува хотелот Молика од останатите туристички објекти во нашата држава?
Тоа се топлината, мирот и спокојството кои уште од првото доаѓање и првиот остварен контакт со живописната природна убавина на моликовата шума која го опкружува хотелот нуди безгрижен одмор. Она што што е карактеристично за понудата во хотелот Молика секако се :гастрономската понуда на македонски традиционални јадења, многубројните планинарски пешачки патеки, видиковци, планински велосипедски тури, етно посетите во потпелистерските села, еко екскурзии во Националниот парк Пелистер, алпинистички тури, посета на атрактивни локации и познати локалитети кои не опкружуваат, здравата еколошка средина, чистиот воздух, мирот и тишината далеку од урбаните средини, раскош на бои и мириси. Вистинско место каде што може да се искористи активен одмор во природа.
Апла-Дали ќе може да се летува во „Молика“ со ваучерите што државата ги подели на граѓани со низок личен доход?
Оваа година фокусот е на зголемување на домашниот туризам, односно зголемување на бројот на домашни туристи и остварени ноќевања. Таргет се сите домашни туристи странски државјани кои живеат/работат во РСМ, но потенцијал се и туристи од регионот и странство, во согласност со постоечките рестрикции за патување. Се со цел да се зајакне домашната економија и да се обезбеди престој за домашните гости во овие услови хотелот Молика е еден од многуте хотели кои се регистрирани на платформата ,, Дома си е дома “ преку Министерството за Економија на РСМ за поддршка на наши граѓани вработени со низок личен доход кој преку ваучери за туризам во висина од 6000 денари ќе можат да организираат престој во нашиот хотел од 15 Јули до 15 Декември оваа година. Специјалната понуда за престој од 4 и 5 денови која ја нуди хотелот Молика за оваа летна туристичка сезона на Пелистер е прилагодена за користење на ваучерите за туризам.
Апла-Какви мерки се преземени за безбеден престој на посетителите во улови на коронакриза со која се соочува светот?
Воедно би сакал да нагласам дека хотелот Молика врз основа на препораките на Комисијата за здравство за заштита на нашите гости ги имплементира сите процедури согласно , Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување, и спроведува процедури за Прием и сместување на гости, расторански процедури кои се однесуваат за гостите и процедури за нашите вработени во функција на безбедноста на секој посетител.
Апла- Летната туристичка сезона кон крајот на септември ќе заврши. Што очекувате за следната зимска туристичка сезона и дали течат подготовки за успешна ски сезона на Ски центарот Копанки?
Зимската сезона во хотелот Молика започнува со Божиќните и Новогодишните празници и трае до средината на март секоја година. Покрај вообичаените подготовки во хотелот Молика за оваа сезона планирани се низа активности и на Ски Центарот Копанки. ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје , Подружница Молика Битола ( Хотелот Молика) веќе подолг временски период управува, го користи и стопанисува со Ски центарот Копанки на Пелистер. Во изминатиот период хотелот Молика во рамките на своите финасиски можности обезбедуваше комплетно тековното одржување на целокупната инфраструктурата од Ски ценатрот Копанки со одговорно и домаќинско работење, но без некои крупни дополнителни инвестициони активности. Мора да се има во предвид фактот дека сите граѓани во регионот и градот Битола, планинарите, а посебно љубителите на зимските спортови секоја година од нас како општествено одговорно друштво и компанија очекуваат некоја новина на Ски Центарот Копанки. Правиме напори од оваа година да реализираме дел од планираните активности во функција на подобрување на условите. Имаме волја, доколку постигнеме договор за продолжување на концесијата со право на користење на земјиштето и инфраструктурата на Ски Центарот Копанки за уште нови 10 години веднаш да почнеме постапки за инвестиции во Копанки .
Апла- Да наброите што би значеле тие инвестиции подетално?
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Подружница Молика Битола ќе започне со подготовките за старт на следната скијачка сезона и планира преку постапка за изработка на инфраструктурен проект , во целост да ја дефинира развојната стратегија на Ски центарот Копанки. Паралелно со тоа нашите намери се оваа година во пресрет на зимската туристичка сезона имаме искрена намера да обезбедиме и нови дополнителни содржини кои ќе дадат една поинаква слика на Пелистер, како што се: