2win800x200

Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО на СДСМ- Битола и Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ

Септември 24, 2017

-Сакам во мое лично име и во името на сите вас, да се заблагадорам на досегашната советничка група која во изминатите 4 години жестоко се бореше во Советот на општина Битола, успеа да го разобличи криминалецот Владимир Талески, да ни создаде услови да оствариме победа на нашиот опонент ВМРО-ДПМНЕ.

Кога ја составуваме советничката листа, имавме над 200 кандидати и требаше да одбереме 31. Сите луѓе домаќини, сите чесни, секој на свој начин дал придонес, било партиски или општествено-јавен.

Секој кандидат на советничката листа заслужува да биде на ова место, од првиот до последниот. Оваа наша листа е една композиција од вагони, овие луѓе влечат луѓе. И нормално, тие не можат ништо сами, ако нема локомотива. А локомотивата е нашиот кандидат за градоначалник, Наташа Петровска. Јас верувам во сите нив, а знам дека верувате и сите вие.

Сите ние заедно, сплотени, единствени, од рано утро до доцна вечер, да го сработиме она што ни е обврска и задача. Имаме позитивна клима, имаме услови за победа, но, да не се опуштаме. Ова мораме да го направиме, за нас, за сегашните и идните генерации. За Битола, за живот во Битола за сите.

Наташа Петровска, ја познавам лично, но и како наш сопартиец, голем борец. Човек што знае да вреднува. Овие денови, нејзиното основно мото е, „никој нема и не смее да биде заборавен“. Секој од нас ќе добие шанса во општеството, секој ќе го добие она што го има сработено, она што го има заслужено –рече Ковачевски

- Нашата идна градоначалничка и нашите идни советниците ќе имаат два предизвика, еден мал и еден голем. Првиот е да прикажат поразлично раководење на општината од претходниот градоначалник, и тоа е лесно.

Лесно е да се биде поразличен од Владимир Талески, кој што ја уништи општина Битола, препознатлив е по криминалот и корупцијата, по неколкуте кружни текови и филџанот кај Педагошка.

Но, следува еден поголем предизвик, да се врати имиџот и животот во нашата Битола. Предизвик е и инфраструктурно да се изедначат и урбаните и руралните средини. Сите наши сограѓани да имаат и чиста вода и чист воздух. Младите да се подржат за сопствен бизнис, но и многу други предизвици.

Познавајќи ја Наташа Петровска, како човек, како исклучителна личност, чесна , со кредибилитет и интегритет, познавајќи ги кандидатите за советници, ви гарантирам, ве уверувам, дека општина Битола ќе го добие својот сјај, сите наши сограѓани ќе го добијат заслуженото, слободно да живеат тука, да творат, да основаат семејство и тука да останат.

Затоа на 15 октомври сум уверен во голема победа на Наташа Петровска и СДСМ, на сите нас, победа која што од Битола ќе направи европски град-рече Кирацовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани