2win800x200

Министерот Бојан Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Март 05, 2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција. Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите. Потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори.

Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8% до18%. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.

Министерот Маричиќ на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција им се заблагодари за конструктивниот дијалог, потенцирајќи дека Министерството за правда се залага за севкупно подобрување на стандардот и условите во кои работи судската полиција.

Претставниците на УПОС и Независниот синдикат на судска полицијана изразија благодарност и задоволство што после многу апели и протести конечно се реши нивниот проблем. Тие на министерот му ја пренесоа пораката дека ова за нив е значаен чекор, на кој гледаат како на конкретен чекор за решевање на нивните проблеми.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани