2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Крушево

Февруари 01, 2022

– Ако трагите што ги оставаме зад себе говорат за нашето постоење, тогаш споменот на Тоше, на неговиот глас и дело засокогаш ќе продолжат да живеат меѓу нас – рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, за време на работна посета на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево.

Костадиновска-Стојчевска беше информирана за активностите на оваа национална установа во која се изложени над 350 експонати кои ја раскажуваат приказната за детството, подемот и врвот на кариерата на македонската музичка икона Тоше Проески. Таа се запозна и со настаните со кои беше одбележана десетгодишнината од отворањето на објектот, кој има огромна посетеност, како и со идните активности, меѓу кои и проектот планиран за 15 годишнината од заминувањето на единствениот Тоше Проески.

Костадиновска-Стојчевска положи свежо цвеќе на спомен-обележјето и вечно почивалиште на македонската икона Тоше Проески, кое со поддршка од Владата на РСМ беше изградено минатата година и претставува само мало оддолжување за сето она што Тоше го направи за нашата земја.крушеци 2

Во рамките на престојот во Крушево, министерката за култура ја посети и Галеријата на доајенот на македонското ликовно творештво Никола Мартиноски каде што се запозна со највредните дела од творештвото на една од најистакнатите фигури на македонската култура во 20 век. Преку етнолошката поставка, пак, се запозна и со македонскиот начин на живот и народното богатство на крушевскиот регион.

Средба на Костадиновска-Стојчевска со Кристијан, синот на легендарниот Аки Рахимовскикрушево

 Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатата музичка легенда Аки Рахимовски, во Крушево оддадоа почит и евоцираа спомени за уште едно големо име на македонската поп-музика, Тоше Проески.

„Тоше и Аки беа пријатели и вистински амбасадори на македонската култура. Наша должност е нивното дело да го чуваме и да го афирмираме како што тие несебично ја промовираа македонската култура на секој свој јавен настап“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Кристијан, и самиот музичар, ја запозна министерката Костадиновска-Стојчевска со својата професионална кариера, која, како што рече тој, е под силно влијание од неговиот татко. Во татковината на Аки, Кристијан доаѓа по 35 години, и освен во Крушево, престојува и во Скопје, запознавајќи ги градот и улиците од детството на неговиот татко, како и неговите пријатели. Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази жалење за смртта на Аки и порача дека тој и неговиот „Парни ваљак“ одамна го пробија патот до незаборавот. Таа додаде дека нашата држава секогаш ќе биде благодарна и ќе ја негува почитта кон неговото дело и кон сето она што тој со својата енергија и полудецениската кариера го направи за промоција на културата на нашата држава и на македонската музика.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани