АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во текот на празничните денови беше во посета на РЕК Битола и на работниците кои за време на празниците Бадник и Божик ги извршуваа своите работни задачи, информираат од Државните електрани
Работна посета на хотелот Молика и ски центарот Копанки беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК Битола, Елемтурс, х. Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола.
Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.
На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагаше се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа.
Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека ги истражуваат наводите дека фирмата што министерот Наќе Чулев ја посочи како реномирана, а го пријавила првичот човек на електро-стопанство за изнуда и барање потркуп, е всушност основана од поранешен генерален директор на РЕК од времето на ВМРО-ДПМНЕ.