2win800x200

Несекојдневна и прекрасна атмосфера имаше денеска во Градскит парк во Битола во организација  на вработените во градинката "Естреја Овадија Мара". Паркот ечеше од веселата игра на татковците и децата кои минаа квалитетно време заедно, а се подигна и натпреварувачкиот дух. Целта е, велат од градинката Естреја Овадија Мара, поголема вклученост на татковците во воспитно образовниот процес на децата

 
"Во рамките на ЕУ Проектот ,,Подигање на квалитетот на предучилишното образование и грижа", поддржан од МТСП, денес  во Градскиот парк во Битола, ја организиравме активноста ,,Мојот татко", со вклучување на родителите во воспитно-образовниот процес на своите деца. Целта на денешната активност беше поголема вклученост на татковците  во воспитно-образовниот процес на децата, стекнување на нови знаења и искуства и јакнење на спортскиот дух, вели  директорка  Лидија Тфирст Митревска.
 
Децата заедно со нивните татковци се натпреваруваа во спортски игри и вештини, а потоа добија благодарници за учеството во  овој настан 
 
 
 
 
FB IMG 1695996835489
 
FB IMG 1695996838842
 
FB IMG 1695996844308
 
FB IMG 1695996966636
 
FB IMG 1695996951815
 
FB IMG 1695997021769.
 
 FB IMG 1695997038322
 
 FB IMG 1695997094922
 
FB IMG 1695997124705
FB IMG 1695997084322
FB IMG 1695996854821
 
FB IMG 1695996824992
 
FB IMG 1695996832599
 

На денешен ден, 26 август 1944 загона Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Основно и средно  образование заврши во родниот град. Во 1938 година, замина во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво „Визо“. Од тој период стана член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ. Во мај 1941 година се вклучи во активностите на антиокупаторското движење во Битола. Во 1942 година, стана член на КПЈ. Во април 1943 година, беше најнапред борец во борбениот строј на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа и во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Кога се формира Третата македонска народноослободителна ударна бригада на 26 февруари 1944 година, таа беше поставена за политички комесар на чета. Во август 1944 година, беше определена за политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада.

Загина во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчалан на 26 август 1944 година. За народен херој беше прогласена на 11 октомври 1953 година.

Подготвил: д-р Алексансар Литовски, историчар

На денешен ден, 25 декември 1923 во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани