2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Денеска се одржа 17. „Роднокрајна средба со битолските писатели“  на која присуствуваа: Елизабета Јончиќ, Добре Тодоровски, Љубе Митрејчевски, Сања Видановска-Мучкајева, Михајло Свидерски, Славица Свидерски, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски и Милица Димитријовска-Радевска.

FB IMG 1664471464870

 
Оваа година средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и ОСМУ„Д-р Јован Калаузи“-Битола и останати гости.
 
 FB IMG 1664471470699
Средбата ја отвори директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости и се заблагодари на библиотекарот советник во пензија Николче Велјановски за досегашното негово ангажирање во организирање на роднокрајните средби. А на новиот координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и посака успешна работа. 
 
FB IMG 1664471475863
 
На средбата присутните имаа можност да слушнат нови дела на битолските писатели и да им постават низа прашања. 
На оваа средба се разговараше и за воведување на наградата „Роднокраен автор на годината“ во неколку категории како и за критериумите за добивање на наградата.
FB IMG 1664471485258
 

Во просториите на  НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа традиционалната 15. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија. На тркалезната маса учествуваа повеќе писатели со трудови на тема: „Моите ликови -од страв и немоќ во револт кон човечките вредности“.  Модератор на средбата беше д-р Николче Вељановски. Сите текстови ќе бидат објавени во 15-тиот Зборник на излагања.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани