АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес го посети битолскиот пазар и од тезга на тезга се поздравуваше со пазарџиите. Тие од него побараа да се запре иселувањето во Битола, како што рекоа „конзулска Битола се празни“, а една жена од пазарџиите му рече дека трите деца сите со дипломи ѝ заминале во странство.
Друга продавачка на овошје му се обрати со зборовите „најдете ни работа, вака со факултети да не висиме по тезгите“. Мицкоски рече дека имаат план, само им треба доверба. Некои од пазарџиите се поздравуваа со него, а потоа коментраа дека не виделе аир од никој политичар. Еден од пазарџиите доста емотивно му се обрати дека се традиционални вмровци од деведесетите години на минатиот век, но дека оние кои ја водеа партијата во изминатите години како што рече ја истуриле целата злоба и тие во работата се соочиле со инспекции и казни. Мицковски рече дека и критиката е добредојдена за да се подобрат состојбите.
„Сакаме да поразговараме со луѓето, да споделиме искуства како живеат и каква е потрошувачката. Од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина да ја искористиме во креирање на политиките“, рече Мицкоски.
Меѓу битолчани владее незадоволство од неисполнетите ветувања на локалната и централната власт, рече при денешната посета на Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Македонија е нашето име и нашиот код, затоа го повикувам народот и понатаму да продолжи нашата земја да ја вика Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест во Битола организиран против потпишувањето на договорот за промена на името.
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на ТВ Сител изјави дека роденденот на партијата ќе го одбележат работно на 16 и 17 јуни во Битола.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работно лето. Имаме два интересни настани кои следуваат во периодот. Викендот на 16 и 17 јуни ќе бидеме во Битола. Симболично, работно ќе го одбележиме многу значајниот настан за нас, а тоа е роденденот на партијата. Нема простор за славење, сето тоа ќе биде во еден работен амбиент. Ќе ги поканиме нашите поддржувачи и симпатизери ширум Македонија да ни се придружат тој викенд во Битола. Јас ќе бидам таму. Инаку во текот на летото ширум Македонија ќе се обидам да посетам стотици, илјадници домови, да поразговарам со луѓето.“
Преспа е еден убав град во Република Македонија, каде што има едно прекрасно езеро рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Битола запрашан за тоа како ги коментира најавите за името Северна Македонија како решение на спорот со Грција и можниот договор во Преспа. Сѐ друго, рече тој е новинарска шпекулација.