АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Oд 23.12.2020 год. (среда) се става во функција нов пункт за брзи антигенски тестови за SARS CoV-2 кој е на нова локација, во просториите на Месната заедница Панде Кајзерот , во близина на зградата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола. Просторот и тестовите се обезбедени од Општина Битола и истите се бесплатни за граѓаните. Закажувањето на термин за брзи тестови за докажување на антиген за SARS CoV-2 во брис се прави преку матичен лекар во системот ,, мој термин,,. Работното време во пунктот ќе биде од понеделник до петок, од 12:00 до 16:30 часот. Планирано е дневно да се обезбедуваат по 30 термини за тестирање.
Пунктот за PCR тестирања и понатаму останува да функционира во Амбулантата на ОУ Даме Груев, како и досега. Односно сега ќе бидат во функција три пунктови и тоа: 1. Амбулантата на ОУ Даме Груев, како и досега -PCR тестирање 2. Месна заедница Панде Кајзерот во близина на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола- брз антигенски тест 3. Дом за народно здравје - брз антигенски тест.
Тестирањето за КOВИД-19 во Центарот за јавно здравје се одвива без никаков застој. Во зависност од потребите, дневно се прават од 50 до 70 ПСР тестови и 20 брзи тестирања, вели за апал.мк директорката на Центарот за јавно здравје Елизабета Крстевска.
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 44 нови случаи на COVID-19:
-19 во Битола (лица на возраст од 17 до 66 години; 11 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице);
-18 во Кичево (лица на возраст од 17 до 62 години; 6 лица даваат податок за контакт со позитивно лице);
-6 во Ресен (лица на возраст од 33 до 68 години; 2 лица даваат податок за контакт со позитивно лице, а 3 се од веќе познат кластер);
-1 во Дeмир Хисар (лице на возраст од 46 години; не дава податок за контакт со позитивно лице)
Денес се регистрирани 7 оздравени лица (3 од Битола и 4 од Кичево).