АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Слем поезијата станува магнет за младите талентирани литературни творци, а ваквиот тренд ја враќа во мода поезијата. Во Универизтетската библиотека „Св. Климент Охридски“ денес беше промовирана збирката со слам поезија „Креирај-слемирај“, во која се објавени песни од битолски поети и млади творци.
„Пишував за дрогата бидејќи мислам дека со мојата песна можам да потикнам некој кој користи да се откажи, а оние кои не пробале да не го прават тоа“, рече Андреа Накоска, чија песна е наградена.
Слем поезијата е урбано и светско движење кое насекаде е познато, па станува актуелно и кај нас, а ние сакавме во нашиот град преку најмладите да го актуелизираме овој вид на поезија, рече Елена Богдановска, едукатор во проектот.
Бојан Стефановски е новиот директор на НУ Универзитетска библотека „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Дрво на книгата е поставено во холот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски во Битола“. На гранките од дрвото прикачени се листови со имиња на најновите наслови набавени во Библиотеката, како и книги што ги препорачале читателите. Во понудата се „Валкано црвено“ од Тарин Фишер, „Кралска измама“ од Стив Бери, „Те нема никаде“ од Јелен Бачиќ Алимпиќ и други. Ова е креативен начин да се привлечат што повеќе читатели и да им се помогне при изборот на книги.
Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ -Битола и Мерсиха Исмајлоска, Ве покануваат на промоцијата на книга „Чудесните светови на Алиса“ во издание на Вермилион која ги обработува книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Карол и нивните интерпретации во визуелните уметности и воопшто во културата.
По повод одбележувањето на 23 април, Светскиот ден на книгата и авторските права , Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и Здружение на уметници ракотворци на Македонски ракотворби – Битола, организираат работилница за изработка на бук маркери. Тие ги повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да учествуваат на настанот за изработка на бук маркери да испратат маил на : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака: работилница за изработка на бук маркери. Работилницата ќе се одржи на 19.04.2018 година.
По повод 23 април Светскиот ден на книгата и авторските права ќе следат повеќе активности во Библиотеката за одбележување на денот и популаризацијата на книгата.
Инаку 23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како Светски ден на книгата и авторските права. Светскиот ден на книгата започнат е да се празнува од 1995 година, а е прогласен од страна на УНЕСКО. Целта е да се оддаде признание на книгите и писателите и луѓето повторно да го пронајдат задоволството во читањето или да продолжат да уживаат во пишаните дела.