2win800x200

Нова телевизија од  забавно општ  карактер ќе зрачи локално во  скопскиот регион. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на седницата одржана во понеделникот му даде дозвола на компанијата Преобразение, чиј основач, сопственик и управител е теологот Петар Каревски, кое е световно име на  Преспанско пелагонискиот владика 

Во Божикното послание, митрополитот Преспанско Пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар, се осврна меѓудругото и на современиот начин на живот, посочувајќи дека иако се градат цркви, повеќе се посетени  некои содржини на интернет и во медиумите, кои  се поопасни дури и од наркоманијата.

-Ете, во нашата земја, иако се градат и осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови итн. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна  православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребарувана и посетувана содржина со соблазнителен карактер, и друг духовен отров, кој подлабоко и од наркоманијата го загадува современото општество, а особено најмладите, вели г. Петар во Божикното послание

Тој посочува дека некои заедници и организации ги исмебаат религиозните, а најмногу православните Христијани со што не ги почитуваат различните од нив.

-Еден од тие духовни отрови е тој што индоктринира – дека денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат (читај наметнуваат) свои права и слободи, притоа, газејќи и исмејувајќи се врз правата и слободата на различните од нив, особено врз религиозните, и уште подиректно, врз православните христијани. Ете, подржувањето на вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на, од Бога дадениот образ, се смета за модерно и напредно, додека, пак, да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета за конзервативно и заостанато, вели г. Петар.

Тој се осврнува и на трендот за разубавување на мажите и жените со хируршки интервенции.

-Друго, денес исто така е модерно да се обрнува особено внимание и грижа на физичкиот изглед на човекот. Најчесто женскиот пол, а не ретко и мажите, прават разни хируршко естетски зафати – операции на своето тело, не од реална, здравствена потреба, туку единствено за разубавување, кое често завршува и со унакажување. А, пак, оние кои водат грижа за разубавување на душата, кои со духовен хируршки зафат, односно преку покајание и исповед ги отстрануваат недостатоците од своето срце, тие се сметаат за прости и заостанати. Трето, модерно е, а било и од многу порано, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, и се случуваат разни неморални и богонеугодни дела, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, тие се сметаат за примитивни и заостанати, посочува владиката Петар меѓудругото во Божикното послание. 

Митрополитот на Преспаско Пелагониската епархија г. Петар во Божикното послание  ја изрази својата загриженост за падот на наталитетот кај Македонците, и рече дека Црквата и државата должни се да најдат начин за  негово зголемување,  затоа што решавањето на овој акутен проблем не смее да трпи одлагање. Тој ги повка македонските мајки да ја исполнат, како што вели, светат должност за раѓање деца.

-Ние, пак, како свештенослужители, јавно од секој црковен амвон и при секоја прилика, треба да ги повикуваме македонските мајки да останат доследни на аманетот на нашите претци, светата должност, раѓање и воспитување на деца; а не на убивање преку абортуси и спречување на бременоста со контрацептивни средства. Тоа не смеат да го дозволат Македонците и Македонките, заради егоистични побуди и комфорен живот, да станат гробари на нашата Црква и нација, вели Г Петар во Божикното послание

Тој додаа дека бракот, кој ја доживува најтешката историска криза, не е само уживање и задоволство, туку има обврски и должности.

-Сведувањето на бракот само на сетилни задоволства, на задоволување на телесните страсти, во денешно време, претставува демонстрација на потполно неразбирање на Светата Тајна Брак. Денешниот „современ“ брак, навистина ја доживува и преживува најтешката историска криза. Нашата држава е должна, на брачните другари, кои треба да го подигаат наталитетот, да им обезбеди задолжителни добри и соодветни услови, и во периодот на бременоста на мајката, но и во текот на подигнувањето на децата до полнолетството. Државата, покрај тоа, треба да обезбеди и соодветен детски додаток а особено, тој детски додаток да биде зголемен за многудетните семејства, рече меѓу другото митрополитот Преспанко Пелагониски. во Божикното послание. 

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани