АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Трите близначки Ана,Марија и Атанасија од с.Градешница , општина Новаци се закитија со сребрен медал во ката тим на меѓународниот карате турнир ФЕНИКС ОПЕН кој се одржа во Врање ,Р.Србија на 20 Октомври оваа година.
Со неполни 9 години, трите близначки веќе 4 години тренираат карате во карате клубот “ЗАНШИН- ДО” Битола и постојано учествуваат на домашни и меѓународни натпревари во категорија ката тим генерација 2011/10 година освојувајќи златни ,сребрени и бронзени медали .Имајќи ги во предвид нивните карате вештини , близначките се потенцијални кандидати за во репрезентација.
Карате Клубот "ЗАНШИН-ДО"-Битола настапи во 55 категории и се закити со два пехара-пехар за најмасовен настап и пехар за трето пласирани по постигнати резултати во севкупен пласман во кати и борби, 3 злата, 8 сребра и 16 бронзи.
Општина Новаци ја подобрува патната инфарструктура преку искористување на средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој од 2018 преку подготвени проекти кои се реализираа во 2019 г .Од оваа програма Општина Новаци искористи над 32.000.000 денари инвестирајќи ги средствата во Изградба на Локален пат Р511 –крстосница- с.Старавина-с.Будимерци до манастирот Св.Атанас - с.Старавина во должина од 811 метри. Реконструкција на локален пат до населено место с.Тепавци во должина од 3 км ( вредност 19 милиони денари ) како и Изработка на урбанистичка планска документација за с.Новаци , с.Рибарци,.с.Будимирци , с.Градешница,. с.Гермијан .Општина Новаци ги искористи средствата по сите три мерки 321, 322 и 323 од Програмата за рурален развој .
Изградба на локален пат до манастирот во с.Старавина во должина 811 метри за што се потрошени средства од 4.601.062 денари од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерката 323 -зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. Изведувач на работите е СВ ИНВЕСТ Дооел Битола.
„Го развиваме и унапредуваме манастирскиот туризам“, велат од Општина Новаци.
А.Б