2win800x200

 

 ФК Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи, љубители на фудбалот и граѓани на Битола дека новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ го помина техничкиот прием и целосно е безбедна и функционална.

Стадионот под Тумбе Кафе од птичја перспектива! Изградбата влегува во финална фаза. Видео снимка од ФБ профилот на Валентин Груевски

Изградбата на северната трибина на стадионот „Под Тумбе кафе“, тече според предвидената динамика, така што до денес е изградена една четвртина од изведбата. Битола треба да добие стадион изграден според најсовремени европски стандарди со сите потребни инфраструктурни услови за меѓународни натпревари. На градбата на северната трибина се работи според плановите, па на терен може да се види дека градежните работи напредуваат, новиот објект ја добива посакуваната форма.  

-Моменталната состојба со изградбата на проектот „Изградба на северна трибина прва фаза“ изнесува 25% од вкупната реализација. Општина Битола во соработка со Надзорниот орган за изведба на проектот постојано ја следи динамиката на работа на терен, потврдуваат за Апла.мк од Општина Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани