АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како Климент Охридски да ги насочиме нашите души кон поголема кроткост и човештина, порача софискиот ректор Анастас Герджиков во видео обраќањето за време на свечената седница за патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. За првпат седницата се одржа електронски поради пандемијата со ковид 19, а на неа се обратија и министерка за образование и наука, Мила Царовска, како и ректорот домаќин Сашо Коруновски. Долгогодишната соработка која постои меѓу двата универзитета, како и годинешното заедничко чествување на патронот на 25 ноември во Софија, на 8 Декември кај нас, и денешните упатени пораки за пријателство, се добар пример за тоа како треба да се одвиваа добороседските односи.
„На Свети Климент се посветени многу споменици на нашата и вашата страна. По него се наречени и нашите два универзитета. Св Климент Охридски е голем учител, книжевник и создавач на вистинска богослужбена и литературна школа. Неговата дејност е наша општа гордост. Народите со делото ги преминуваат границите на времето и пространството и ги обединуваат народите. Важно е да покажеме дека академскиот дух и пријателство се над се и можат да ги надминат сите разделби. Ви посакувам вашите ученици да станат како учениците на Свети Климент Охридски, познати по своите дела“, рече Герджиков.
Студентските парламенти останати како реликвија на минатиот систем не само што не ја исполнуваат целта за која постојат туку и упатуваат на погрешна слика за тоа што претставува студентското организирање и вклучување на студентите. Ова меѓудругото беше истакнато на консултациите за студентско организирање што се одржаа на Правниот факултет во Битола во присуство на повеќемина студенти, младински и образовани организации.