Анета Блажевска

Анета Блажевска

ЗБОГУМ НА ЛИЧНОСТА ШТО ЈА ГРАДЕШЕ АТЛЕТИКАТА ВО БИТОЛА

 
Со длабока тага вечерва ја примивме веста за смртта на проф. Илија Чукалков, човекот чие име засекогаш ќе остане впишано во историјата на битолската и македонската атлетика.
 
Проф. Чукалков не беше само тренер.
Тој беше педагог, визионер, тивок авторитет и човек што создаваше генерации спортисти во време кога атлетиката во Битола немаше никакви услови, немаше патека, немаше инфраструктура. Но имаше луѓе како него.
 
Како тренер на тогашна АК „Олимпија“, денешен АК „Олимп“, тој создаде школа од која излегоа некои од најголемите атлетски имиња што ги имала Македонија. Под негово водство растеа Вера Вељановска, Стевче Георгиевски, Гоце Митревски, Мирјана Ристевска, Трајче Јанкуловски, Милорад Петровски и многу други.
 
Неговото име останува неразделно поврзано со подемот на битолската атлетика во 70-тите и 80-тите години.
Од Градскиот парк, со многу работа и уште повеќе љубов кон спортот, проф. Чукалков создаваше шампиони, репрезентативци и балкански прваци.
 
Но можеби неговата најголема победа не беа медалите.
Туку начинот на кој ги воспитуваше младите луѓе.
 
Сите што поминале низ неговите тренинзи зборуваат за неговата смиреност, човечност, достоинство и огромна посветеност. Никогаш не морал да вика за да биде авторитет. Неговото присуство било доволно.
 
Пред само неколку недели разговаравме со неговата внука Андреја Чукалова за можноста да направиме интервју и да отвориме уште едно поглавје од приказната за битолската атлетика и за луѓето што ја создавале. За жал, животот понекогаш ги затвора приказните токму кога мислиме дека имаме уште време.
 
АК „Олимп“ денес постои и повторно расте токму врз темелите што ги поставиле луѓе како проф. Илија Чукалков.
Нашата денешна борба за нови генерации, нови резултати и нова атлетска енергија во Битола е невозможна без почитта кон тие што ја создадоа приказната пред нас.
 
Ќе остане запаметен како човек што веруваше во атлетиката дури и кога условите не веруваа во неа.
 
Погребот ќе биде утре во 13:00 часот на гробиштата Св. Недела.
 
Почивај во мир, професоре.
Ви благодариме за сè што оставивте зад себе.
 
Објави Атлетски клуб „Олимп“ – Битола

Денеска беше свечено  откриен споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа. На настанот присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски. 

 FB IMG 1778435994467
"Чест и привилегија беше да бидам денеска со Македонците во Мала Преспа, да размениме мислења, да чествуваме и да оддадеме почит на хероите.
 
Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, денеска во Туминец организираа посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај.
 
Премиерот Мицкоски кажа дека на Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Обединување околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот, објави Коњановски.

Битолските планинари во чест на МУРАТОТ! Планинарски Спортски Клуб Пелистер во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест денес го организира 37-тиот Традиционален планинарски марш. Истиот се одржува на Пелистер. Messenger creation DB5BD814 0374 4262 B68C 6E492A0E9F53

На Маршот зедоа учество планинари од земјава и странство, со што маршот доби меѓународен карактер.
Фото АПЛА.мк Messenger creation A102B873 BC54 47EF 8915 9B494CC0D2E9Муратот е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.

Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија (А. Б)

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денес беше на средба со пелагониските земјоделци од Општина Могила. Филипче објави дека со земјоделците, сточарите во Могила, Пелагониско, разговарале за проблемите со кои се соочуваат "поради погубните политики на власта" . Филипче вели на сред криза владата на ВМРО ги остави сточарите  сами, без никаква поддршка. FB IMG 1778267171511

 
"Откупната цена на млекото е мизерна. Од 33 до 34 денари пред две години, сега се откупува по 24 до 29 денари за литар - ова е директен удар врз сточарите и нивната егзистенција. 
 FB IMG 1778267159870
Дополнително, доцни исплата и субвенциите за грло добиток, и премиите за млеко.
Земјоделците бараат помош, ама барањата не допираат до Мицкоски и неговиот министер за земјоделство Трипуновски.
Не им се приоритет земјоделците,  на Мицкоски му  се приоритет само  криминалните тендери - тој е шефот на криминалната група.
 
Волку лошо не било. Го уништија и опустошија земјоделството, го понижија трудот на земјоделците, луѓето кои се заслужни да имаме храна, објави Филипче. На средбата била присутна и екс градоначалничката Јасмина Гулевска. (А. Б)  FB IMG 1778267155041

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани