Тренчевска-во Битола функционираат 4 мали групни домови за бебиња и мали деца и 1 мал групен дом за деца со попреченост.

Мај 16, 2022

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денекса ја посети Битола . Во рамки на посетата беше гостин на  Домот за доенчиња и мали деца, институција која со трансформацијата вклучува: Центар за поддршка на згрижувачки семејства за 115 корисници, Оддел за мајки и деца и Интервентно сместување.

-Со цел зголемување на бројот на згрижувачи во Скопје и во Битола отворени се три Центри за поддршка на згрижувачки семејства, воспоставени со новиот Закон за социјална заштита. Нивна задача поддршка на постојаните згрижувачи и подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства.
Заедно трите центри ја обезбедуваат услугата на вонсемејна заштита за околу 300 згрижувачки семејства и опфат на околу 500 деца, на ниво на држава.
Со социјалната реформа и процесот на деинституционализација во Битола се отворија 4 мали групни домови за бебиња и мали деца и 1 мал групен дом за деца со попреченост, информираше министерката од посетата на Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани