АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изгорена електрична инсталција, откорнати електрични броила, испукани и потемнети ѕидови, искршени прозорци, оштетени лустери и други предмети. На ваква слика наидоа утрово жителите на село Долно Српци, откако синоќа, неколку минути пред полноќ гром ја удри црквата Св Теодор Тирон во ова Пелагониско село. Денеска се уште беа вознемирини од синоќешното невреме кое беснееше во Пелагониско. Покрај црквата, оштетувања има и во помошните простории, а истот така громот го остави без струја и половина село.
-Јас живеам овде во близина на црквата. Страшно невреме беше, имаше силни молњи, а некаде околу 23 и 45 гром удри во храмот. Од невремето и поројниот дожд не можевме да излеземе надвор. Излегов околу 2 часот по полноќ и видов дека жиците на бандерите се усвитени, рече Тајче Велјанчевски, жител на Долно Српци.
-Сабајлево кога дојдовме видовме дека црквата е уништена, искршени се сите прозорци, оштетувања има и надвор и внатре во храмот, кој е изграден во 1926 година, а целосно беше обновена пред 8 години, сега сликата е тажна, рече Зоран Ристевски, жител на Долно Српци.
Од Црковнит одбор бараат парите што треба државата да ги исплати за денационализација на црковно земјиште во Долно Српци, да се наменат за обнова на црквата
-Од Министерсвото за финансии ни се одобрени 42 евра, кои треба да се префрлат . Бараме владиката Петар да ни излезе во пресрет и да ни помогне со тие пари да ја реновираме црквата, рече Илче Дамевски, член на Црковен одбор на црквата
Владиката Петар не сакаше да одговори дали Препанско пелагониската епархија ќе помогне во обнова на црквата. Рече дека ќе му одговори на црковниот одбор откако ќе достават официјално барање до епархијата.