Маргарета Спасов е новата директорка на Завод и Музеј Битола
Јули 21, 2025
Со решение од Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, од ден 2.07.2025 год., за Директор на НУ„Завод и музеј“- Битола, со мандат од четири години е назначена Маргарета Спасов.
*Дипломирала на „ЈУЗУ Неофит Рилски“ Р. Бугарија на Факултет за ликовна уметност, а била ученик во Гимназија ,,Јосип Броз Тито" Битола.
Учествувала на голем број национални и меѓународни проекти во културната и образовната дејност.