2win800x200

Во Битола отворена стрип изложба од авторот Димитри Балојани

Јули 20, 2025

 КОГА СТРИПОТ ЌЕ ГО ЗАИГРА РУСАЛИСКОТО ОРО

 
Во свет каде што традицијата често се заклучува во витрини, а стрипот се перцепира како нешто „лесно“, млад уметник успеа да направи нешто што ретко кој се осмелува – да ги спои двете.
 
Синоќа, во фоајето на НУ Центар за култура – Битола, беше претставен проектот „Русалии – Танц и Традиција“ – стрип издание со авторски илустрации на Димитри Балојани, создадено специјално за 55. Илинденски денови.
 1000003035
Преку динамичен цртачки јазик, внимателна драматургија и стрип-панели полни со движење, проектот успеа да ја раскаже приказната за русалиската традиција – онаа прастара обредна пракса што денес ја препознаваме во сценските интерпретации, но ретко кога ја разбираме како мит, симбол и културен код. 1000003033
 
Балојани, млад илустратор од новата генерација, се впушти во ризичен подвиг:
да ја претстави обредната моќ на Русалиите со медиум кој најмногу го читаат младите луѓе.
И токму затоа проектот успева – затоа што ја менува формата, но не ја губи суштината.
 
Панелите се поставени како фрагменти од раскажување – дедо што им објаснува на внуците што се Русалии, кој бил првиот сабјар, и како се собрала дружината.
Во нив – го препознаваме старото, но и го гледаме новото.
Нешто што може да го прочита и етнокореолог и 12-годишен љубител на стрипови.
 
Проектот е и дел од повикот за нови уметности што го носи слоганот на овогодинешното издание:
„ДЕНЕС за УТРЕ“.
Уметноста не мора секогаш да доаѓа на платно или сцена.
Понекогаш доаѓа на табла, со стрип уметност.
Со меч, со мит, со оро.
 1000003031
 
 
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани